Мицкоски: СДСМ и Ковачевски работат под диктат на Бугарија

Од:

Не е ова од комисијата денес, тоа е од претходните состаноци колку што јас знам и јас предупредував дека ние наместо да зборуваме за 21от век, за 22от век, за иднината, ние ќе зборуваме за средниот век како што впрочем видовте и денеска се зборува за Цар Самоил, за Климент, се зборува за Наум, Кирил и Методиј, и се зборуваат неточни работи. И практично ние сега треба да ги менуваме, односно да ги цензурираме учебниците на децата кои што ќе учат во училиштата под диктат и под притисок на Бугарија, вели Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за денешната препорака на заедничката комисија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше додека трае диктатот од бугарска страна, Македонија бележи дебакл на сите полиња, потенцирајќи ја најновата Шангајска ранг листа каде што од 2000 универзитети во светот Македонија воопшто ја нема.

„Сега би сакал да ги видам сите овие фини господа овде во Европа и кои што не убедуваа дека нема да збориме за минатото, да не погледнат во очи нас Македонците и да ни кажат дека не зборуваме за минатото, туку зборуваме за вештачка интелигенција, зборуваме за почист воздух, за почиста вода за пиење во Тетово, за канализација во Арачиново, зборуваме за асфалтирани патишта, зборуваме за завршен автопат кој што ќе ги поврзи Кичево и Охрид итн. Уште поголем срам е што кога зборуваме за средновековието, ни излезе новата квалификација на Шангајската ранг листа, па меѓу 2000 универзитети во светот, нема ниту еден од Македонија. Тоа е уште поголем дебакл за овој режим предводен од ДУИ и СДСМ. И овој срам и овој диктат ќе продолжува и понатаму, така што темата е политичка и јас на сето ова континуирано предупредувам. Но очигледно дека крајот доаѓа и за сето ова ќе има одговорност, еве јас ви ветувам“, дециден е Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски