Мицкоски сака обвинител под негова контрола, затоа се крие зад Левица, велат од СДСМ

Од:

Очигледно е дека Христијан Мицкоски сака обвинител под некога контрола. Не сака правда, туку контролирано обвинителство, по партиска нарачка на ВМРО-ДПМНЕ.
Прво најавуваше смена на Јавниот обвинител без конкретни причини. Потоа, кога избувна трагедијата во Кочани, лицемерно тврдеше дека ќе ја остави истрагата да си тече, дека е задоволен од постапувањето, велат од СДСМ.

„Тоа траеше – сè додека не беа опфатени началниците блиски до неговиот министер Тошковски. Кога СДСМ ја објави вистината, кога ОЈО под притисок ги вклучи во истрагата, Мицкоски одеднаш замолче. Јасно беше – му пречи вистината, му пречат институции што не му се поклонуваат. Оттогаш започна неговиот план за освета.

Мицкоски сака упад во правосудниот систем. Во сето ова, Левица срамно се стави во функција на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата што наводно се залага за правда, помага во инсталирање партиски обвинител.

Станува јасно зошто не се донесе реоформски Закон за јавно обвинителство и не се вметнати суштинските забелешки туку е оставен со проблематчни оредби – целта е да се именува обвинител само по волја на Мицкоски. Тоа е вовед во целосна партизација на судството, во враќање на „тефтерчето“ и селективната правда.

СДСМ најостро се спротивставува на обидите за партиска окупација на обвинителството. Бараме веднаш да се донесе нов, реформски Закон со кој ќе се обезбеди независен избор, ослободен од партиски интереси. Тоа е волјата на граѓаните. Тоа е единствениот пат до вистинска правда.

Мицкоски може да молчи, да се крие зад Левица, но правдата ќе стигне до секој. Граѓаните веќе гледаат што се подготвува – судство по мерка на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори