Мицкоски: Примитивизмот на Џафери е фрустрирачки за граѓаните, тој сака да предизвика инцидент

Од:

„Полн е за жал спикерот со примитивизам, и тоа навистина делува фрустрирачки за сите граѓани. Не за нас што се срамиме од тие недолични постапувања што се занимаваме со политика, туку сите граѓани. Еве, прашајте ги луѓето овде и насекаде. Тој примитивизам навистина згрозува. Но, морам да кажам не е наивен. Затоа што тој примитивизам има своја цел, а таа цел е да предизвика инцидент на лик на оној од 27-ми април, и да може овој примитивец заедно со сите тие кои што го поддржуваат да бидат претставени во едно поинакво светло од тоа што се“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Гази Баба, во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и нема да дозволи да надвладее примитивизмот на власта. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активна блокада на се она што не е од интерес на граѓаните.

„Треба да знаат тие сценаристите и организаторите дека ВМРО-ДПМНЕ е многу поискусна, и ВМРО-ДПМНЕ е многу поорганизирана, и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја продолжи оваа агонија во Македонија. И затоа ќе продолжиме одговорно да се донесуваме во Парламентот, да се однесуваме онака како што зацртавме со активна блокада на се она кое што не е од интерес на граѓаните. И нема да дозволиме да се повторат настани од минатото, со кои што ќе им дадеме вештачко дишење на овие би рекол примитивци кои што во моментот се на власт“, појасни Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ