Мицкоски: Пред Собрание ќе протестирам за тоа што се случува во Собрание

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ФБ напиша дека ќе протестира пред Собрание. Ги повика граѓаните да му се придружат.

Еве што напиша Мицкоски:

Го пишувам ова како син, родител, педагог, професор, сосед и пријател. Јас од денес ќе го користам моето демократско право мирно и достоинствено да протестирам против тоа што се случува внатре во Собранието, надвор, пред Собранието.

Ве повикувам да ни се придружите и да останеме достоинствени и честити какви што сме. Да не подлегнеме на провокации за евентуални насилни сценарија. Тоа и го должиме на неа, на татковината. Тука сме се школувале, растеле, радувале, тагувале, другарувале, љубеле и сонувале за достоинствено место за живот. За неа сме се бореле, војска служеле, буделе и заспивале, тука сме ги создавале нашите семејства… тука најверојатно ќе ја завршиме нашата животна приказна. Ова е најмалку што можам во овој момент за неа да направам, но можам да се обврзам дека ќе сторам се, тоа што некој сега го тргува безмилосно, да го повратиме.

Таа е мојата втора мајка, Македонија, а јас сум горд Македонец!

#МакедонијаЌеПобеди

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар