Мицкоски: Пратеник во Собранието е исчезнат и не знаеме дали е тој киднапиран и се држи без своја согласност

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е загрижен за пратеникот на Беса Кастриот Реџепи кој не дојде во Собранието, па партиите што го иницираа гласањето за доверба на Владата, не можеа да направат мнозинство од 61 пратеник.

„Треба да видиме каде се наоѓа човеков, дали е жив, здрав. Освен на социјалните мрежи не видовме што се случува со човеков, дали е никаде надвор од своја волја или доброволно. Претседателот на државата нема јасен став каде се наоѓа пратеникот, бидејќи пратеник во македонското Собрание нема и не знаеме дали е тој киднапиран и се држи без своја согласност или е доброволно. Ако е доброволно, не знам зошто не се појави, ќе си гласаше во Собранието и готово“, рече Мицкоски пред Собранието.

Тој рече дека на овој начин се отвора простор за многу шпекулации и има многу изјави од различни извори, но дека „јасна е дека власта се препелка во кал“.

„Ако мислите дека не го очекувавме ова, го очекувавме. Но, ако се потврди трговијата со пратеници, се прашувам чуму занимавањето со политика. Ова мене ми предизвикува чувство на гадење“, изјави Мицкоски.

Поради немање кворум и неможност да се утврди дневниот ред, седницата за гласање доверба на Владата е прекината и како што соопшти потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели дополнително ќе биде известено во текот на денов кога ќе продолжи седницата.

При пребројувањето на пратениците беше констатирано дека на седницата присуствуваат 60 пратеници, од кои двајца се позитивни на Ковид-19 и присуствуваат во скафандери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

Потребни се законски измени за правосудниот испит да може да се полага на албански, вели премиерот

Мицкоски: Спорен правилник отворил врата за канабис надвор од стандардите

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Очекувам деновиве МВР да излезе со десетици тони запленети недозволени средства

А1он