Мицкоски потврди дека од надлежниот во МВР барал да се реши случајот „Теретана“

Од:

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска потврди дека го побарал надлежното лице во МВР за случајот „Теретана“ и оти побарал да се почитува законот и побрзо да се реши случајот со цел македонската јавност да биде точно запознаена со вистината.

Телефонскиот број го побарал од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и инсистирал, како што кажа, тоа да биде кадар поставен од претходниот министер за да не се испостави дека тие нешто злоупотребуваат во МВР.

-Откако го добив бројот од надлежното лице, му пратив порака со содржина: Здраво, би сакал да се слушнеме, Христијан Мицкоски. И таа порака јас ја чувам. Потоа, конкретното лице ми се јави и го замолив сѐ да биде според закон и побрзо да се реши овој случај. Бидејќи сметам дека сум следен, прислушуван, еве ги охрабрувам да го објават разговорот и македонската јавност да ја слушне вистината, рече Мицкоски на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски потенцираше дека бара разговорот да биде објавен за јавноста да види што навистина разговарал тој со надлежниот во МВР, притоа наведувајќи дека нема намера никого да тужи.

-Нема да тужам никого, ниту човекот со кого разговарав, ниту техничката заменик-министерка, ниту МВР. Ве молам извадете го разговорот и нека види јавноста што е, бидејќи конструиравте таква ситуација, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски кажа дека како јавна личност за него било очекувано да има конструкции од политичките противници.

Лидерот на опозицијата рече дека ќе се јавува секаде и секогаш за да се дознае вистината, како што направи околу превозот на македонските граѓани од странство на почетокот на епидемијата кога му се јавил на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Мицкоски потврди дека се познава со Александар Верушевски, синот на Зоран Верушевски кој е советникот за безбедност во Владата, кој тајно го снимал Зоран Заев летото пред четири години.

-Да, се познавам со Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг. И она што можеби е значајно да го знае македонската јавност – тој е и голем патриот, рече Мицкоски на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он