Мицкоски: Попис во март или април 2022 година

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека пописот треба да се спроведе пролетта во 2022 година.

-Нашиот став е јасен. Попис треба да има пролетта во 2022 година, во март или април. До тогаш ќе имаме „фингер принт“ терминали кои веќе ќе бидат искористени на локалните избори. Доколку сега сакаат, имаат можност да направат електронски попис со точност од 5 отсто, односно да попишат 95 отсто од населението, а само 5 отсто да го посетат, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил за бојкот на пописот. Потсети дека пред два дена ВМРО-ДПМНЕ почна иницијатива за собирање потписи за поднесување закон во рамки на Собранието за укинување на Законот за попис. Според него, ова ќе биде политички попис, политичка операција со „договорени проценти“, а не статистичка операција. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека иницијативата денеска е стигната во Собранието.

Тој потенцира дека ставот на неговата партијата е здравјето на граѓаните пред се, апелираше на разум, „да не се загрозува здравјето на граѓаните, да има одложување на пописот или, пак, електронски попис, како и дека треба време за да обучат и попишувачите“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски