ВИДЕО: Мицкоски по средбата со Заев не откри за што конкретно разговарале

Од:

Средбата во Владата на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, траеше еден и пол час. Мицкоски изјави дека иницијативата за средбата била на премиерот.

Тој рече дека разговарале за многу образовни, економски и здравствени теми. На прашање дали тема на разговор биле и притворените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски повтори дека разговарале за актуелни теми.

Во однос на враќањето на пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Мицкоски рече дека веднаш по средбата со Заев, ќе присуствува на средба со пратеничката група по што ќе се знае какви ќе бидат натамошните чекори и на каков начин ќе дејствуваат пратениците во Собранието.

„Јас сум оптимист, а некои ме сметаат дури за утопист“, рече Мицкоски и додаде дека утре од партијата ќе испратат соопштение во врска со состанокот со пратеничката група.

Мицкоски рече дека дијалогот помеѓу власта и опозицијата никогаш не бил закочен. Вакви, како што рече, конструктивни средби, очекува и во иднина.

Од владата соопштија дека премиерот Заев и Мицкоски се согласиле дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси и дека за остварување на евроатлантските аспирации потребен е ангажман од сите политички субјекти.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Масовно и обединето да дадеме поддршка за Лабудовиќ и Ѓорѓиевски

Мицкоски: Карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Со Орце Ѓорѓиевски, Скопје ќе има предвидливост и извршување на обврските, порача Мицкоски

Мицкоски: Државава во изминатите година и пол е консолидирана по распадот и пустошот во која беше затекната при преземањето на власта

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!