Премиерот Христијан Мицкоски очекува, по изборот на јавниот обвинител, голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и јавноста да види кој ја води опозицијата, како и што се случувало во Македонија седум години, додека владееле СДМС и ДУИ.
Мицкоски, како што рече денеска од собраниската говорница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека очекува, исто така, со промените во Обвинителството, голем број граѓани да се охрабрат и јавно да прозборат што се доживеале за време на претходната влада.
Премиерот оцени дека изјавите на Жан Митрев се загрижувачки, но дека, сепак, како што рече, не се нешто досега непознато во јавноста или нешто за кое не се коментирало во минатото.
-Тоа се изјави кои кореспондираат со гласини што ние веќе сме ги слушале – за обиди за упад, преземање бизнис, користење службена положба за вршење влијание или притисок, но не е тоа единстеното нешто. Имам чувтсво дека во периодот што следи, а псоебно по изборот на јавниот обвинител, голем број наши сограѓани ќе се охрабрат да споделат јавно свои искуства што доживеале со претходната влада и дека голем број предмети држени во фиока ќе добијат јавност и ќе влезат во процедура. Ако ова мое чувство се потрвди како точно, граѓаните ќе слушнат во детали што се случувало седум години и кој е тој што ја води опозицијата или опизициските партии во Македонија, истакна Мицкоски.
Тој дополни дека требало да поминат неколку дена за Обвинителството да почне истрага по тврдењата на Жан Митрев.
-Колку што сум информиран, тој реше дека има и докази. Очекувам, по презентирањето на тие докази Обвинителството да си ја заврши рбаотата, а во перидот што следи имам чувство дека македонската јавност ќе види и слушне што се случувало во македонија седум години влада на СДСМ и ДУИ и што се морале некои структури во државата да трпат во периодот на брутален напад и обиди за преземање бизнис, рекетирања. Голем дел од предметите кои беа држени во фиока ќе бидат извадени во јавноста и таа ќе види зошто и кои обвинители ги држеле во фиока, која е цената и зошто тоа е правено, потенцира премиерот.