Мицкоски: Пендаровски е избран на мафијашки начин во хотел, а Силјановска Давкова на демократски начин на Конвенција

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Сопиште се обрати пред граѓани, истакнувајќи дека гласот за Стево Пендаровски кандидатот за претседател од СДСМ, е всушност глас даден за Зоран Заев бидејќи и самиот Пендаровски изјавил дека е ист како Заев со 102,5 проценти.

Стево Пендаровски вели дека не ни требала мајка ни требал татко на нацијата. Најмалку што ни треба во овој момент е ваков татко кој што е 102,5 проценти идентичен нели и самиот велеше дека е 102,5 проценти идентичен со најголемиот лажго во поновата историја на Република Македонија. Ние го нарековме принцот на политичките лаги Зоран Заев, а овој самиот рече дека бил 102,5 проценти идентичен како Зоран Заев. Најмалку што во овој момент на Македонија и треба еден таков човек, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски додаде дека Пендаровски е избран на мафијашки начин во скап и луксузен хотел, додека Силјановска Давкова е избрана на демократски начин на Конвенција во Струга со огромно мнозинство од страна на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто он вели дека е 102, 5 проценти е ист како Зоран Заев, затоа што на деспотски начин во мафијашки стил во еден скап и луксузен скопски хотел беше назначен од страна на Зоран Заев.

За разлика од него ВМРО-ДПМНЕ имаше внатре партиска дебата деветмина кандидати се пријавија, делегатите на Конвенцијата во Струга во огромно мнозинство својот глас го дадоа за идниот претседател а тоа е Гордана Силјановска Давкова и тоа претставува пример на една внатрепартиска демократска дебата, кажа Мицкоски.

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија е најголемата коалиција во поновата историја на Македонија бидејќи коалицираат со народот, потенцирајќи дека оној кој не направил коалиција со народот нема да ја добие неговата поддршка и гласот, а во овој случај тоа е Пендаровски, Заев и СДСМ

И они ќе речат дека ја имале најголемата коалиција во поновата историја во Република Македонија, но повторно лажат, затоа што најголемата коалиција во поновата историја на Република Македонија е ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за Подобра Македонија и народот, тој кој што не направил коалиција со народот ниту смее а ниту пак ќе го добие гласот и поддршката од народот за неговиот кандидат во случајот Стево Пендаровски, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски