Мицкоски: Патриотот на батерии Ковачевски работи на редефинирање на Македонија и претворање во бинационална држава

Од:

Очигледно Ковачевски соочен со нискиот рејтинг и катастрофата која не може да ја поправи реши да биде патриот на батерии барем на 5 минути, па откако ги прифати сите бугарски барања да бидат дел од преговарачката рамка за ЕУ, што подразбира и промена на Устав, реши да облече квази патриотска наметка и да му одговори на Радев дека Бугарија го следела духот на Русија. Е сега има тука една контрадикторност. Ковачевски треба да се договори со самиот Ковачевски дали кога има потреба од патриотизам на батерии и му реплицира на Радев, Бугарија го следи духот на Русија, или пак кога не убедува дома дека уставните измени се толку прекрасни и неодминлив услов за чекор до рајот Европската унија. Зошто ќе се согласите не може едното и другото, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на трибината во Струмица посветена на областа здравство.

А што се однесува до оние повици од СДС да сме се качеле се на возот кон ЕУ, додаде Мицкоски, цело ВМРО-ДПМНЕ или еден дел, ќе му одговорам цело ВМРО не само дел, туку цело ВМРО-ДПМНЕ веќе е на возот кон ЕУ, а возот во кој се Ковачевски и ДУИ веќе е влезен во темниот тунел кој еднонасочно удира во карпа.

„ВМРО-ДПМНЕ, повторувам цело ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да биде дел од анти-македонскиот фронт кој го предводи не цело СДСМ, туку една тесна клика на СДСМ и ДУИ. Антимакедонски фронт составен од спрегата ДУИ – СДС е качен на возот кој влегува во темниот тунел без излез.

Овој пат нема да го излажете народот. И лошо ќе завршите зошто ќе ви се случи народ. Не ми паѓа на памет да прифатам било каква уцена или притисок кој го имам, а го имаме многу и го држиме веќе година дена и ќе го држиме колку што е потребно по било која цена, ќе одиме до крај до конечна победа и нема попуштање“, посочи Мицкоски.

Според претседателот „нема никаква, ниту теоретска шанса да прифатиме уставни измени под вакви услови за Македонија“.

Мицкоски посочи дека уставните измени кои експертите на Владата ги тераат се во насока на бинационална држава, а тоа Владата не го демантираше.

„Редефинирањето на Преамбулата на Уставот би бил еден вид национално предавство на оваа Влада која би ја фрлила државата на колена. Предупредувам, Ковачевски да не си игра играчки со уставните измени со кој ќе ја редифинира Македонија во бинационална држава, да престане да исполнува концесии кон ДУИ, затоа што плаќа прескапа цена за власта која ја има“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски