Мицкоски: Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да се бара од премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта, поточно во Заев и Спасовски. Иако притисокот, поточно прогонот што го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, самиот потег на бегство не го оправдувам, и тоа не е опција, особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Лидерот на опозицијата во својот статус додава дека политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава, вели Мицкоски, каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет.

„Ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со случајот Груевски“, стои во неговиот фејсбук-статус.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар