(ВИДЕО) Мицкоски: Одговорност ќе има и за нарачателите и за оние кои ги палеа билбордите

Од:

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поставените билборди низ градот на кои се гледа како лидерот на СДСМ Зоран Заев носи „Луј Витон“ чанта, не било оцрнување на кампањата туку отсликување на реалната состојба во државата. Мицкоски рече дека билбордите покрај тоа што се бојдисувале, се палеле. Порача надлежните да превземат одговорност за овој случај за кој рече дека уништувањето на приватен имот е кривично дело.

„Не можам да се сложам дека е оцрнување, тоа е констатирање на реалноста. Ние ја констатираме реалноста каде што лидерот на партијата во својство на градоначалник на една општина самиот го кажува тоа што го пишува на билбордот. Ако ние сме земја која ќе биде дел од ЕУ, а нашите опоненти не можат да да ја истрпат критиката, тогаш како може да зборуваме за демократски избори. Освен што се бојадисуваа тие билборди, дури вчера и се палеа. Полицијата фати млади луѓе како ги палат билбордите. Порачувам тие млади луѓе да не веруваат слепо на наредбодавачите,затоа што ќе има одговорност за сите после 12 април. Нека се сетат на сликата, како Катица Јанева се појавува со качулка, а Зоран Заев се откажува со неа. Тој ќе има имунитет во парламентот, а тие не. Овие луѓе нека не слушаат наредби од луѓе кои ќе понесат одговорност по 12 април, ова е порака од мене до сите тие луѓе“, рече Мицкоски.

Во однос на летоците кои пред неколку дена се појавија во неколку општини во Скопје на кои лидерот на опозициската партија се изедначува со неговиот претходник Груевски, Мицкоски рече дека тоа што се прикажувало не било точно и дека граѓаните добро знаеле да направат разлика и на кого ќе му ја дадат власта на изборите.

„Она што е прикажано на тие летоци е апсолутна невистина и уште една смислена лага од страна на блиските на Заев за ширење на лажни вести. Но, граѓаните се тие се тие кои на крајот треба да одлучат како ќе гласаат на 12 април. Јас верувам во мудроста на граѓаните и во нашата програма и верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите. Ние нема да ги палиме, кинеме и бојадисуваме“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски