Мицкоски од Злетово: Ќе загубат, но барем да се повлечат достоинствено

Од:

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Злетово во Општина Пробиштип, каде што се промовираше кандидатот за градоначалник, Маријан Миленковски порача дека актуелната власт ќе загубат, но како што рече, барем да се повлечат достоинствено. Посочи дека последните денови гледа невидена црна кампања и пропаганда која само ја потврдува паниката во редови на СДСМ. Мицкоски додаде дека од власта, а отворат уста ги лажат граѓаните.

– Го слушам вчера на прес конференција Зоран Заев вели ќе инвестирал во периодот кој што следи ни помалку, ни повеќе 12 милијарди евра. Дури и милијардата на Циле е мало дете за Зоран Заев. Можеше комотно да си каже човекот и 50, 100 милијарди, што знае што е милијарда. Но, тоа е она кое што Зоран Заев најдобро го знае и најдобро го умее, човекот едноставно има образ ѓон, затоа што таков му е наравот, рече Мицкоски.

Тој посочи дека во овој момент најголем непријател на етничките односи е токму Заев и неговиот партнер ДУИ. На предизборен собир во Злетово, Мицкоски истакна дека не постои друг пример во светот каде Владата работи спротивно на интересите на сопствената држава, како што тоа го прави Владата на СДСМ и Зоран Заев со Бугарија и притисоците врз Комисијата, барајќи да се прифати се, спротивно на сите факти и да се пазари со тоа што и е свето на државава.

– Погледнете го само оној срам што го прават со Бугарија. Владата си ја притиска сопствената Комисија и историчари да прифатат нешто што е во спротивност со фактите и уверувањата на историчарите. Значи, Заев е подготвен да прави компромис спротивно на утврдените факти од луѓе од науката. Па има ли луѓе друг ваков пример кога сопствената држава и Влада си прави штета сама на себе, вели Мицкоски.

Тој истакна дека тоа е последица на фактот што Заев веќе е докажано дека е подготвен одново да прифати се што ќе побараат од него Бугарите, и ќе слушнеме од Заев дека тие биле ослободители, администратори и што уште не.

– А она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го кажуваме е дека почитта кон нашите соседи ќе ја имаат доколку тие имаат почит кон нас или правилото на реципроцитет. Како тие нам, така ние ним, тоа е нашата политика, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на актуелната состојба со КОВИД 19. Посочи дека во високоразвиените земји само 10 отсто од КОВИД хоспитализираните пациенти завршуваат со смртен исход. Ова покажува дека здравствениот систем е трул.

–Во моментот бројката на починати е 7.000 луѓе, повеќе од 7.000 луѓе, и таа е поголема од 11 градови во Македонија што само ги објаснува катастрофалните последици во нашата земја, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

А1он

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

А1он

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја