Мицкоски од Вевчани побара поддршка за Силјановска

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со граѓаните на Општина Вевчани. Тој рече дека граѓаните и државата се соочуваат со голема неправда од Зоран Заев и од неговата влада, односно дека токму овие претседателски  избори се шансата да се даде жолт картон на ова што се случува во моментот, а кое ќе се отвори патот кон предвремени парламентарни избори.

„Правдата во Македонија има непријател и тој се вика Зоран Заев. Тој заедно со неговите луѓе се носители на неправдата во нашата држава. На овие избори да им дадеме жолт картон, пред исклучување. Зошто ако не, ќе мислат успеале да ве измамат и им поминало“, вели Мицкоски.

Тој побара поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова истакнувајќи дека токму таа е личноста која ќе ја заштити правдата и интересите на државата.

„Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова треба да ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави крај на демакедонизацијата, ќе биде на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции“, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски