Мицкоски од вечерашниот протест: Да запре теророт и реваншизмот на власта

Од:

Под слоганот „Протест против реваншизмот и теророт на мафијата“ вечерва ВМРО-ДПМНЕ го одржа деветтиот тематски протест. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски во своето обраќање, ја повика меѓународната заедница да излезе и да ги слушне човечките судбини.

– Имаме силна дисторзија на вредностите во секаков поглед. Тоа мора да престане. Мора да престане теророт врз луѓето. Мора да престане тие да губат работа затоа што се припадници на некоја партија или мислат поразлично од власта, нагласи Мицкоски пред присутните.

Тој порача дека нема да бидеме поблиску до ЕУ, ако луѓето трпат тортура и реваншизам.

– Нема да бидеме поблиску до Европската унија кога луѓе трпат тортура и реваншизам. Европа таквите перјаници и кукавици кои го прават тоа ги реди на маргините и со лицето свртено и соочено со правдата. Затоа како што кажав денеска протестираме од министерството за неправда до министерството за тортура, ова овде позади мене. За да кажеме дека народот го победил стравот и дека ќе паднат без оглед колку силно сега се држат заковани, залепени за нивните удобни фотелј, рече Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да им се придружат и на следните протести што ќе бидат од различен карактер и содржина.

– Да се исправиме пред неправдите, да си ја земеме судбината во наши раце. Затоа што никој не може да ни помогне ако самите не си помогнеме, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Протест „Ниту една повеќе“: Политичари, судии, полицајци, насилници, парољупци – додека не ја добиеме правдата, мир за вас ќе нема!

А1он

Протест „Ниту една повеќе“ во Скопје: Македонија одамна не е добар родител на своите деца!

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Горан Наумовски

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања „Очи в очи со народот“

Горан Наумовски

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот