Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска во Паркот на револуцијата во Кочани присустува на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, испрати порака споменот за починатите да остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството да бидат сила што ќе нè води напред.

– Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа, објави Мицкоски на Фејсбук.

Тој се потпиша во книгата на жалост и изрази длабоко сочувство кон семејствата на загинатите.

– Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?