Мицкоски очекува бруталност од полицијата во вториот круг, фокусот му е да победи Данела, па ново мнозинство во Собранието

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во коалиција со СДСМ кои се незадоволни, да му се придружат за формирање на мнозинство во Собранието и советите низ општините.

Мицкоски кажа дека очекува брутална кампања во вториот круг, додавајќи: „Очекувајте бруталност полицијата од Спасовски, очекувајте од насилниците да се однесуваат понасилно“.

„Очекуваме да победиме секаде каде не сме победиле. Мислам дека сме блиску и до мнозинство во Град Скопје. Фокусот ние д а победи Данела во Скопје, а потоа природно ќе се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство. Немаме дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник, а како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава