Мицкоски – Обрајен: Стратешки интерес на Македонија е заштита на националните и идентитетски обележја и влез во ЕУ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ г. Тимчо Муцунски и г. Владо Мисајловски оствари средба со г. Џејмс Обрајен, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.

На средбата соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија.

Воедно Мицкоски истакна дека стратешки интерес на Македонија освен членството во Европската Унија е и заштита на националните и идентитетски обележја на македонскиот народ и Македонија.

Од страна на Мицкоски беше афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните, и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме