Мицкоски објави дека го добил СДСМ на суд

Од:

И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фб профил.

„Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме!“, додаде Мицкоски.

Во прилог на објавата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прикачи и фотографии од судска пресуда според која се усвојува неговото тужбено барање портив СДСМ, кој на „Фејсбук“ изјавил дека „антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски