Мицкоски: Ние сме најдобра земја во регионот по глава на жител

Од:

Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Индикаторите кои се јавуваат во првата половина година од мандатот на Владата укажуваат дека сме дојдени до состојба „0“, имаме 1,25 милијарди евра странски инвестиции за претходната година од кои рекордни 400 милиони за четвртиот квартал со што повторно сме најдобра земја во регионот по глава на жител и во првите три во Европа, а растот на БДП за 2024 година е 2,8 иако некои ни предвидуваа дена нема да биде ниту 1 отсто, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Свети Николе.

Нашата стратегија по доаѓањето на власт, додаде Мицкоски, беше поделена во три чекори од кои првиот беше да се спречи слободното паѓање, бидејќи системот и институциите беа во распад, владината сметка беше минус 200 милиони евра, во што успеавме.

-Втората фаза е од таа точка да стигнеме полека до состојба „0“ и практично сме на крајот од овој втор чекор. Индикаторите што ги истакна Државниот завод за статистика токму тоа го велат дека конечно дојдовме до состојба „0“ иако некои предвидуваа дека консолидирањето ќе трае можеби една или 1,5 години, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?