Мицкоски: Ние први повикавме на дијалог за Законот за јазиците

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со лидерот на БЕСА, Африм Гаши. На средбата двајцата лидери разговарале за економската и политичката ситуација во земјата.

– Денеска имавме средба со господинот Гаши. Разговаравме околу актуелната економска и политичка ситуација во државата. Разговаравме за сите теми кои се актуелни во моментот во државата, повеќе беше протоколарна средбата на негово барање се разбира. Ги претстави идните погледи и визија за како понатаму планираат како партија да се развиваат се разбира. Ние дадовме наши факти и аргументи како ја гледаме моменталната политичка ситуација во државата. Така да генерално тоа беа темите актуелни и во изминативе денови, рече Мицкоски по средбата.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ биле првите што повикале на дијалог за Законот за употреба на јазиците.

– Мислам дека ние бевме тие што први повикаа на дијалог, формирање на работни групи што ќе бидат составени од сите политички партии кои што се парламентарни, вклучување на експертската заедница, професорите се разбира и претставници на МАНУ, претставници на кабинетот на претседателот, а се со цел да го подобрат квалитетот на предлог решението. Ако зборуваме за законот за јазиците.
Токму во врска со законот за јазиците ние побаравме пред неколку недели. Можеби не сте ги следеле нашите прес конференции, но еве да ве потсетам, пред неколку седмици кога почна оваа постапка на трето читање на законот за јазици во Собранието на Република Македонија, побаравме формирање на работни групи кои што ќе бидат составени од претставници на сите парламентарни политички партии, претставници на МАНУ, претставник од кабинетот на претседателот, а се со цел подобрување на квалитетот, уставноста на законот, а она што е најважно целта на овој закон е да донесе бенефит во Република Македонија, а тоа е неговата применливост, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави дека не сака да коментира за ултиматуми, алудирајќи на рокот што Талат Џафери го даде на париите за договор.

– Како држава и како Влада бидејќи се декларираат дека се реформска, треба да им дадат приоритет на реформите. Тоа е она што треба да не води во иднина. Тоа е она што во оваа држава треба да се развива. Видовме еден катастрофален резултат за четвртиот квартал за растот на бруто домашниот производ кој што е буквално ист како оној кој што ние го комунициравме изминативе денови. А тоа е дека Македонија има катастрофален раст на економијата и во 2017 година е закована на дното со нула проценти додека светска економија бележи раст. Треба да имаме конечно одговорност да видиме што е она што е приоритет во оваа држава. Ако некој мисли дека партиски агенди се приоритет за развој на оваа држава ние не мислиме, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер