А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицкоски: Немам сознанија дека некој од партијата се сретнал со Груевски, ниту ми е позната неговата логистика

by А1он13/12/2018 - 12:44227
Share0

Да се фокусираме на решавање на реалните проблеми на граѓаните и да гледаме државата да оди напред, наместо да го коментираме ова реално шоу и војарески клипови. Тоа ниту ќе даде вредност на квалитетот на животот, ниту ќе направи нешто добро за државата. Вака лидерот на ВРМО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го коментираше вчерашното видео на Никола Груевски од Будимпешта што беше пласирано во медиумите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мицкоски денеска ги упати новинарите директно да го прашаат Груевски во врска со неговата логистика во Будимпешта, користењето возило со личен шофер и посетувањето елитни ресторани.

-Треба да го прашате Груевски за тоа. Претпоставувам ќе ви даде ссодветен одговор. Лично, како Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, немам коментар, ниту знам кое е возилото или кој е шоферот, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по доделување на наградите на најдобрите 100 компании од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Мицкоски нагласи дека досега немал никаква комуникација, ниту пак има сознанија дека некој од партијата се сретнал со Груевски.

Следете a1on на Youtube YouTube

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Законот за амнестија, Мицкоски го повтори ставот дека „партијата ќе застане зад секое решение што ќе значи решение за лицата кои се под политички прогон на оваа влада“.

Во врска со актуелната економска политика, Мицкоски ја нарече „пиши, бриши“ и без структурни рефроми.

dpmnegruevski

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео