Мицкоски нема очекувања за оставката на Заев, вели многупати рекол па порекол

Од:

Не би сакал да коментирам, Зоран Заев многупати рекол па порекол, оставаме на Заев да одлучи дали ќе поднесе оставка или не, да почекаме до вторник како што најави, изјави денеска во Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, каде заедно со градоначалникот Кирил Пецаков промовираше проект за булевар.

Околу наследникот на Заев на претседателското место во СДСМ, Мицкоски рече дека самиот Заев брифирал некои новинари дека тој што седел до него на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши ќе бил нов мандатар.

Мицкоски ја повика Бугарија да направи чекор напред и да не ја блокира евроинтеграцијата на Македонија, затоа што, рече, македонскиот народ и сите граѓани не го заслужуваат тоа.

Тој повторно се осврна на енергетската криза и рече дека станува збор за неспособна Влада која веќе ги потроши парите за капитални проекти за набавки на струја, а дека пари од граѓаните ќе одат, како што нагласи, во џебовите на претставници на власта. Мицкоски оцени дека инфлација веќе има што се гледа и од пораст на цени на основни продукти и смета дека инфлацијата ќе се зголемува.

Мицкоски очекува сите кои сметаат дека ги исполнуваат условите и имаат амбиција да се пријават за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на изборниот конгрес закажан за 12 декември.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина