Мицкоски: Нема големи кривични случаи, бидејќи малкумина лакеи не дозволуваат, иако МВР и надлежните темелно сработија десетици случаи на голема корупција кога влада беа СДС и ДУИ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

„И морам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да го обвинувам СДСМ и ДУИ за судството и обвинителството, затоа што 15 месеци сме биле Влада и немало некои големи кривични случаи. Затоа чувствувам потреба да му одговорам нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството кои не дозволуваат вака големи кривични пријави иако истражните органи како МВР и останатите надлежни сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ“, кажа Мицкоски.

Мицкоски објасни дека сега грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази за да можат оние поранешни функционери од СДС и ДУИ кои ја крчмеа, распродаваа, разнебитуваа Македонија ќе одговараат.

„Но, имам лоша вест, локалните избори ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети и ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате. Обрачот се стега и нема бегање од одговорност. А сите ваши лакеи добро што се малкумина ќе бидат разрешени и ќе одговараат за попречување на правдата“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски не се заканувај, никој не ти се плаши

Димитриевски: На 19 октомври ќе ја добиеме најголемата награда-честа да го предводиме Куманово и во следниот мандат

Предраг Петровиќ

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Филипче од Кичево: Време е за обединување а не за поделби, тоа е вистински патриотизам

Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Предраг Петровиќ