Мицкоски: Не се откажувам и од распуштање на Судскиот совет и од распуштањето на Советот на јавни обвинители

Од:

Јас не се откажувам и од распуштање на Судскиот совет како реформа и од распуштањето на Советот на јавни обвинители, чекам предлози, очајно молам за предлози за да не биде довербата кај граѓаните 2 проценти во правосудството, да не бидат криминалци чесни граѓани, а чесните граѓани да бидат криминалци, зашто имаме исклучоци на корумпирани обвинители и судии, тоа не е генералната слика да се разбереме, имаме такви исклучоци“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање и додаде:

„Немам ниту братучеди, ниту браќа, ниту сестри еве јавно кажувам на македонската јавност, на овој народ му е преку глава да се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, затоа што неколкумина криминалци мислат дека се над законот, а тоа им го овозможуваат овие институции, затоа што се таму благодарение на тие неколкумина политички криминалци и вистински криминалци“.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека е избран од граѓаните и дека е обврзан да го достави тоа што го понудил како решение и нагласи дека е подготвен да разговара со секој кој има некаква идеја.

„Јас толку знам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сум излегол на избори, сум понудил решение, гласале 450.000 граѓани и тоа мене ме обврзува. Ако некој знае подобро нека каже, јас сум подготвен да разговараме. Секој којшто знае експерт подобро нека дојде нека каже, само очајно молам овие 2 проценти да направиме нешто барем да бидат 12, јас знам дека не можат да бидат 22, 52, 82, но барем да бидат 12. Зошто ни е ова битно? Ако нема доверба во правосудството, нема ни инвестиции како оваа, ако нема инвестиции како оваа, нема бизнис нема пари во Буџетот, ако нема пари во Буџетот нема за здравство, нема за образование, нема за плати, нема за земјоделци, нема за пензии, нема за инфраструктура.

Ова е систем. Системот почнува од тие неколкумина, сите ги знаеме кои се, сите знаеме во државава кои се тие во правосудството коишто се корумпирани и сега ние ако се правиме при очи, слепи, при уши, глуви во ред, но не е во ред ради децата и заради идните генерации коишто доаѓаат. Јас толку знам и ќе се борам за тоа што го знам, подготвен сум да разговарам со секого, секој оној којшто има некаква идеја нека дојде, подготвен сум да го сослушам, само да не ми се појавуваат експерти вечни чиишто потоа презимија случајно се појавуваат како нови членови на судскиот совет. Такви експерти вечни ги знам нивните методи, тие не доведоа до овие 2 проценти.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Парите од унгарскиот кредит се всушност кинески, го прашуваме Мицкоски зошто ја лажеше јавноста

Мицкоски за црквата во Галате: Повеќе нема тензии, очекувам проблемот да се реши час поскоро

Горан Наумовски

Бектовиќ: Судскиот совет е под мониторинг на меѓународната и експертската јавност

Горан Наумовски

Заемот од Унгарија е 20 пати помал од заемите коишто ги земала претходната влада на СДСМ, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Мицкоски: 66 општини поднесоа 215 проекти заклучно вчерашниот ден

Горан Наумовски