(ВИДЕО) Мицкоски: Не може на референдумот да има двосмислени прашања

Од:

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашањето кое вчера го соопшти премиерот Зоран Заев и додаде дека не го разгледале ниту во партијата.

Мицкоски рече дека треба да се однесуваат според европските вредности и принципи, а не само декларативно да се залагаме за нив.

– Тоа подразбира почитување на законите и Уставот и да спречиме било каков обид да се изигра волјата на граѓаните и да се поставуваат повеќесмислени прашања за круцијални теми, рече Мицкоски и додаде дека во партијата се уште не дискутирале за референдумското прашање.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и Заев рече дека за дел од прашањата имаат договор, но до следната лидерска не откриваат детали.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори