Мицкоски не кажува како ќе гласа ВМРО-ДПМНЕ за интерпелацијата за Коцевски, ама тој вели не ги менувал ставовите преку ноќ

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кажа дека како политичка партија и тој како човек не ги менуваат ставовите преку ноќ.

-Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ, одговори Мицкоски, во изјава за медиуми по отворањето на базен во ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.

Инаку, интерпелацијата за работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица, е ставена како точка на утрешната 64. собраниска седница.

Коцевски во петокот достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа, тој наведува дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади и тие се причина за ниската доверба во јавноста.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на користењето на службени возила доцна навечер на вицепремиерот Изет Меџити и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, премиерот посочи дека доколку ги користеле возилата за партиски цели треба да им се извинат на граѓаните.

-Ние како Влада работиме до доцна навечер и сигурно биле на состанок во којшто имало потреба и поврзани работи со Владата, а доколку не биле, тогаш треба да им се извинат на граѓаните, ако ги користеле за приватни или партиски цели затоа што ги трошат ресурсите на граѓаните. Доколку имале состанок на тема поврзана со владините политики тогаш во ред, претпоставувам тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат