Мицкоски: Нашата влада во преговорите за името е неколку чекори позади грчката

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата организирана од институтот Ифимес во Љубљана, Словенија.

„Процесот нa Евро-Атланска интеграција е главната движечка сила за просперитет во нашиот регион. Тој е мотивација за стабилизацијата и оддржливиот развој на земјите од регионот, како и ефикасна алатка за соочување со предизвиците за безбедност и стабилност преку дијалог. Јас искрено верувам во значењето на регионалните партнерства и регионалната соработка како рамка која би дала придонес кон напредокот на безбедноста и стабилноста, која би им овозможила на земјите да ја градат својата заедничка иднина. Земјите од Западниот Балкан мора да постапуваат заедно, независно од тоа што секоја ќе биде интегрирана зависно од мерит. Тие мора да го споделуваат гледиштето дека подобрување на веќе силната регионална соработка е приоритет. Во таа смисла, на НАТО и ЕУ им треба регионот исто колку што на регионот му требаат на НАТО и ЕУ. Безбедноста и стабилноста не почнува и запира во рамките на границите на една земја.

Во рамките на подолг период, земјите од Западниот Балкан се соочиле со бројни предизвици како што се уставните промени и соочувањето со внатрешните систематски проблеми со институциите. Оваа година, сме сведоци на позитивни моменти поврзани со пристапувањето на регионот во Европското семејство. Србија и Црна Гора се движат се понапред во процесот на ЕУ интеграција. Албанија ја доби својата прва перпорака за отворање на пристапни преговори, додека Македонија доби уште една препорака. Сепак, главното прашање кое ја блокира мојата земја од 2008 за членост во НАТО, а од 2009 за Европската Унија, е прашањето за името.

Во врска со билатералното прашање кое постои помеѓу Грција и Република Македонија би сакал да истакнам неколку посебни аспекти битни за овој процес. До денес, опозицијата добила еден брифинг кој се случил на 27 јануари. Од тогаш не сме добиле конкретни информации во врска со овој процес. Оттука, нашата перцепција е изградена врз основа на информации од медиумите. Над се, движејќи се напред, преговорите мора да биде во опфатот на двете Резолуции на Советот за безбедност од 1993 година и Времената спогодна од 1995 година. Сепак, треба да се истакне дека Времената спогодба беше прекрешна од Грција во 2008 при ставањето на вето за членството на Република Македонија во НАТО. Пресудата а МСП, и фактот дека Грција упорно ја игнорира нејзината содржина, е доказ дека Владата на Република Македонија мора да најде решение кое ќе инкорпорира заштитни механизми со кои што принципите и одредбите на било каков договор не би можеле да биде игнорирани заради субјективни политички причини или потреби од Грчка страна. Многу добро имаме видено дека одговорноста од правна гледна точка никогаш не е сигурна со Грција. Веќе подолг период Република Македонија е страната која ги дава сите остапки, а ништо не добила за возврат. Било какво решение мора да има дигнитет, да биде во опфатот на процесот предводен од ОН, и да гарантира дека билатералните односи ќе се градат рамноправно. За жал, се повеќе изгледа како да нашата Влада е неколку чекори позади Грчката и го води процесот на преговори реактивно наместо проактивно.

Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и ЕУ. Од наша перспектива, НАТО е клучна алка за современата Евро-Атланска архитектура, додека ЕУ е најсилна движечка сила за демократски, економски и социјален развој на Европскиот континент. ВМРО-ДПМНЕ како и граѓаните на Република Македонија се свесни дека стратешките приоритет – членстово во НАТО и ЕУ – може да се остварат преку: имплементација на национални реформи, развој на регионална соработка и оддржување на добрососедски односи, како и континуиран придонес на регионалната и Евро-Атланската безбедност и стабилност.

На економски план за жал мораме да констатираме дека Република Македонија во последната година забележува доста негативни резултати.Не е остварен очекуваниот економски раст, нема план за инвестиции во нови капитални инфраструктурни проекти ниту пак нови странски инвестиции, нема отворања на нови работни места, платите не се зголемуваат, незадоволни се сите категории на граѓани. Истовремено за 3 месеци Владата ги задолжи граѓаните на Македонија за нови 300 милиони евра, јавниот долг за прв пат ја урна психолошката граница од 5 милјарди евра, а државниот долг е веќе над 4 милијарди евра.

Да не заборавиме на податокот дека претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за време на најголемата финансика и економска криза во светот, успешно привлече над 2 и половина милјарди евра странски инвестиции, отвори над 170.000 нови работни места и ја намали невработеноста од рекордно високите 38% во 2006 на 22% во 2017 година.

Искрено се плашам доколку Владата на СДСМ продолжи со тој негативен тренд многу лесно можеме да ги изгубиме тешко стекнатите конкурентни предности, кои уште ги имаме во однос на другите држави во регионот.

Таквите негативни економско финансиски перформанси не само што не ни одат во прилог, туку истовремено можат сериозно да не оддалечат од очите на потенцијалните странските инвеститори, од континуираните реформски процеси и од остварувањето на посакуваните евро-атлантски цели.

На крајот на мојата денешна дискусија би сакал да истакнам дека сум уверен дека можноста за отворен дискурс им помога на креаторите на политики да избегнат парализира во врска со макро-политиките на национално и глобално ниво. Земајќи го сето ова во контекст, моја уверување е дека настаните како денешниот се навистина продуктивни во оваа смисла, и најчесто водат кон создавње на нови идеи и концепти кои помагаат да се изградат заеднички стратегии. Споделувањето на идеи и глдеишта кои ја наоѓаат својата основа во заеднички споделени универзирани вредности е клучно во развивањето на стратегии насочени кон подобрување и напредување на нашата улога како носители на глобален мир.

Искуствата на сите рунди на проширување докажале дека перспективата на членство во НАТО и ЕУ остануваа клучна алатка кон обезбедување на долгорочна стабилост на глобалната сцена. Перспективата за Евро-Атланската ингерација на земјите од ЈИЕ е главна движечка сила која стои позади нивните политички, одбрабени, безбедноси и економски реформски агенди. Секоја од овие земји има развиено своја специфична динамика во процесот на реформа и исполнување на условите за членство на НАТО и ЕУ, и тие навистина мора да бидат евалуирани врз основа на својот специфичен мерит.

Порано се аргументираше дека Балканот страда од премногу историја и премалку географија, и како резултат на тоа единствен неизбежен одговор на потенцијалните закани на безбедноста во овој регион, и Европа, лежи во соработкат и интеграцијата. Во тој контекст, мора да ја наметнам тезата дека што побрзо НАТО и ЕУ ја завршат сеуште незавршната работа во нашиот регион, толку побезебедна ќе биде Европа. Во таа смисла, ЕУ и НАТО интеграцијата мора да бидат нагласени како клучна движечка сила која стои позади инклузивните сеопфатени општествени реформи.

Улогата на политичките лидер и да размислуваат и постапуваат во големи размери. Во таа смисла, јас ја гледам иднината на нашиот меѓусебно поврзан регион базирана на силни економски и трговски односи кои мора да бидат оснивани на силни внатрешни реформи на нашите правни, политички и економски системи. Наша улога е да ги подготвиме нашиот земји за динамичните и се повеќе променливите времиња на 21иот век. Времето за постапување е сега“ рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања