Мицкоски најави протест во вторник, „за ЕУ, за Македонија, за Делчев“

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево на својот фејсбук профил најави нов протест за вторник, во 18:30 часот.

Протестот ќе почне од Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев” и ќе заврши пред МНР.

-Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови. Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат, напиша Мицкоски на својот фејсфуб профил.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава