А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, повеќе детали од понеделник

by А1он01/02/2025 - 13:28273
Share0

Премиерот Христијан Мицкоски денеска еден ден по бојкотот на големите маркети по постојаното поскапување на основните прехранбени производи, изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа, при што според првичните сознанија она за што биле загрижени во однос на цените е всушност реалност. Повеќе детали за анализите најави од понеделник.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Да излегоа на терен сите институции, повеќе информации би имал од понеделник, но можам да кажам дека се наоѓаме буквално во сите поголеми супермаркети и се прави детална анализа, повеќе информации ќе можам да споделам со јавноста од понеделник. Но, можам да кажам дека делот од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме. Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, истакна денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по присуството на настанот во Кочани на кој беа доделени клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општината.

Тој нагласи дека истовремено ќе се води сметка и за пазарната економија, односно да не дојде до нарушување на нејзините принципи и додаде дека сите засегнати треба заедно да работат со цел од целата ситација да излезат како победници.

Очекувам кон крајот на јуни да се постави камен темелник за ветерниот парк кој ќе биде во рамките на три општини – Штип, Карбинци и Радовиш, инвестиција од близу половина милијарда американск

Следете a1on на Youtube YouTube

Пораки дека решение за високите цени треба да се бара низ дијалог меѓу производителите и продавачите и да се почитува Законот за нефер трговски практики, беа упатени во тек на бојкотот на големите синџири маркети што се одржа вчера првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи. Повикот за бојкот ги остави речиси празни најголемиот дел од маркетите, а намалено беше и пазарењето во помалите продавници и на пазарите. За износот на намалениот промет се очекуваат информации од Управата за јавни приходи.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржува бојкотот, но нагласува дека единствен начин за решавање на проблемот со високите цени е дијалогот меѓу производителите и продавачите.

-Ние ќе се однесуваме најодговорно и заедно со Владата ќе бараме решение за тоа и нормално, со останатите чинители, рече Азески вчера одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на Институтот за извоз во Комората. На настанот присустуваше и Мицкоски, кој и вчера посочи дека има економски оператори кои ја злоупотребуваат положбата на пазарот.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира да се почитува Законот за нефер трговски практики и да не се злоупотребува моментот дека некоја надлежна институција не излегла на терен. Поради лимитираните капацитети изминатиот период не можеле да излезат на терен, но како што рече, се работи на доепикирање и ќе бидат потпишани седум согласности за вработување во Комисијата за заштита на конкуренцијата.

За бојкотот граѓаните преку социјалните мрежи, беа повикани да не пазарат, по примерот на Хрватска и уште неколку држави.

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемување од 10,63 проценти. Премиерот Мицкоски, претходно најави дека в понеделник на седница на Економско-социјалниот совет ќе презентира, како што рече, „вистински цени“ од производи од потрошувачката кошница, бидејќи според него се манипулирало при пресметката од страна на поранешни функционери од СДСМ.

Трошоците на животот во декември годинава во однос на декември минатата година, се зголемени за 4,4 проценти, а цените на мало за 4,3 проценти.

bojkot na marketihristijan mickoski

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски20/08/2026 - 14:3620/08/2026 - 14:46

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски20/08/2026 - 11:2920/08/2026 - 14:46

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 13:07

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:31

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on15/08/2026 - 14:0115/08/2026 - 18:03

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on15/08/2026 - 13:3215/08/2026 - 13:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео