Мицкоски на средба со Заев

Од:

Новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска попадне во 16 часот во Владата ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, вчера му посака среќа на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека нема предрасуди да се сретне со него.

„Драго ми е што заврши конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам конструктивен процес и критички осврт на опозицијата. Немам предрасуди да се сретнам со Мицкоски. Засега немаме договорено средба, но би го поканил да се сретнеме во првата можна пригода“, рече Заев.

Заев додаде дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ во законодавниот дом е важно, со оглед на тоа што доаѓаат двотретински закони за кои се потребни пратениците на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените