Мицкоски на средба со Вадефул: Власта ги злоупотребува собраниските процедури и носи закони во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на владејачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба.

Претседателот Мицкоски го информираше Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, постојано ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаменце за носење законски регулативи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните.

Во однос на економската состојба Мицкоски потенцираше дека македонската економија е во тотален колапс, а актуелната влада наместо да е насочена кон решавање на ова клучно прашање, е насочена кон криминал и корупција.

Мицкоско го информирше Вадефул, дека власта нема поддршка од граѓаните, додавајќи дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем.

Соговорниците се согласија соработката и средбите да продолжат во иднина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат