Мицкоски на средба со специјалниот претставник на земјите од Западен Балкан, Сарацин и амбасадорката на Германија, Холштајни

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и секретарот за меѓународна соработка на партијата Стефан Андоновски оствари средба со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Сојузната Влада на Република Германија за земјите од Западен Балкан и амбасадорката на Република Германија, Анке Холштајн.

На средба се разговараше за актуелната политичка, економска и енергетска состојба, како и за евроинтеграцискиот процес на земјата во Европската Унија.

Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека државата се соочува со економска и енергетска криза како резултат на неспособноста и незаинтересираноста од страна на власт, но и на немањето на слух за прифаќање на предлог мерките од страна на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на лошата состојба во која се наоѓаат граѓаните и државата.

Во однос на евроинтеграцискиот процес и започнување на преговорите со Европската Унија, Мицкоски го афирмираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека државата мора да започне преговори час поскоро. Но, поради високиот степен на криминал и корупција од страна на власта и немањето реформи државата се уште не е дел од европското семејство.

Соговорниците се согласија за унапредување и интензивирање на соработката, а претседателот Мицкоски се заблагодари за поддршката од страна на Сојузна Република Германија.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски