Мицкоски на средба со Орбан и други политичари од Европа

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и Европа во рамките на пријателските односи со повеќе сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на Европската Народна Партија.

„Претседателот Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Фидес, а воедно и премиер на Унгарија г. Виктор Орбан. Тоа е партијата од која потекнува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Потоа ќе оствари средба во Љубљана и со премиерот на Република Словенија и претседател на Словенечката Демократска Партија Јанез Јанша. Ова е особено значајно за европските интеграции ако се знае дека Словенија е идната земја која ќе го преземе претседавањето со ЕУ.
Воедно во неколкудневната дипломатска активност лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе оствари средби и со претставници на хрватската владејачка партија ХДЗ“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, средбите ќе бидат искористени за активно лобирање за државните интереси на Македонија пред се одблокирање на патот кон Европската Унија кој е блокиран со ветото од источниот сосед, застојот кој го има земјава во однос на реформите.

„Средбите ќе бидат насочени и кон градење на мостови на регионална соработка на ВМРО-ДПМНЕ, како и разгледување на можностите за идна економска соработка и отворање на можностите за привлекување на инвестиции и размена на знаења со цел економско зајакнување на земјава во периодот на силната економска криза и рецесија“, додаваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ