Мицкоски на средба со Мас: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

На средбата беше потенциран интересот за продлабочена соработка, и јакнење на политичката и економска соработка, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакна дека претстојат промени во државата, пред се поради економските, но и политички потфрлања на Владата кои влијаат врз животот на граѓаните и немањето на концепт и визија на актуелната власт. Мицкоски истакна дека со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица, иако интеграцијата во ЕУ преставува врвен стратешки интерес на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Тој посочи дека на загрижувачки високо ниво се корупцијата и криминалот против кој мора да се реализираат одлични чекори, а наместо тоа имаме гол популизам без резултати.

Мицкоски посочи дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот на граѓаните, а првите разлики ќе се почувствуваат во првите 100 дена по формирањето на владата.

Мицкоски истакна дека во Германија гледа искрен и силен сојузник изразувајќи подготвеност за продлабочена соработка во сферите од заеднички интерес со акцент на придвижувањето на европската агенда.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

Кузеска: ДПМНЕ го пушти Груби да избега и целосната одговорност е кај нив

Џабе се прпелкате му порача СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ кој обвинува дека и Ахмети и СДСМ знаеле за криминалите на Груби

Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници да размислат за нивната раздорна реторика и постапки

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски