Мицкоски на средба со лозарите од Неготино

Од:

„Денеска сме овдека во Неготино, во рамките на посетите кои што ги имаме низ цела Македонија.

Разговаравме со лозарите од Неготино, претходно разговаравме со лозарите од Кавадарци, Росоман. Така што генерално преовладува идентична слика дека денеска тие се во очајна, катаклизмична би рекол ситуација поради условите кои што се денеска предизвикани од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ во рамки на програмата обнова за Македонија ќе предвиде решенија кои што ќе значат вистински решенија за реалните проблеми на лозарите овдека во Тиквешијата, а со самото тоа ќе го зголеми и квалитетот на нивниот живот“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас не би сакал да навлегувам во било каква политичка квалификација како што тоа го правеше министерот за земјоделие и малкумината обожаватели околу Зоран Заев и ги оквалификува верните земјоделци и лозаро производители овдека од Тиквешијата дека наводно биле изманипулирани од страна на политичките елити, па излегле на протест. Напротив, денеска имав можност да разговарам со лозаро производители од целата Тиквешија без разлика на нивната политичка припадност или неопределеност, без разлика која партија повеќе ја преферираат, заедничка е маката на сите, и сите оние политичарите кои што ги делат лозарите а и земјоделците во Република Македонија на подобни и неподобни за власта мислам дека прават огромна грешка, а таа грешка ќе им се удри од главата на истите тие политичари веќе на следните предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ ја почитува маката на земјоделците, ја почитува секоја капка пот на нивите во Република Македонија, а таа почит ќе ја преточи на лист хартија во програмата за Обнова на Македонија, а веднаш потоа во првите 100 дена од новата влада ќе се вклучи во решавање на истите тие проблеми.

Доаѓа обнова за Македонија и доаѓаат решенија за проблемите на земјоделците без разлика на нивната политичка припадност или неприпадност“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање