Мицкоски на средба со американски претставници: Една од главните цели преставува борбата против организираниот криминал и корупција

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон.

Вчера заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама.

На средбата од двете страни беа потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.

Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња, истакна Мицкоски.

Воедно беше посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените беше изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Горан Наумовски

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека мигрантски кампови нема да има

(ВИДЕО) СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

Мицкоски: Ако Филипче најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски