Мицкоски: На Македонија и треба трансформација, а за тоа ни е потребен 61 пратеник

Од:

Потребни ни се обединување и отворање за наредните парламентарни избори кои се референдумско одлучување каква Македонија сакаме да имаме, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со граѓани пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп, како дел од теренските активности на партијата под мотото „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски побара доверба за 61 пратеник зашто со идните, потенцијални, коалициски партнери, како што кажа, нема да се разговара на ниво на политика или концепти кој какви размислувања има во образованието, во економијата, земјоделството.

-За жал, најголемиот дел од тие наши потенцијални идни соговорници, преговорите ги темелат на своите лични амбиции, а нам ни се потребни сериозна реформа и сериозна трансформација на Македонија, бидејќи изминативе шест години Македонија е клекната на колена, опустошена, ограбена и засрамена. За да ја обезбедиме трансформацијата, потребно е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да имаат 61 пратеник, рече Мицкоски.

Историјата со народот, според него, ВМРО-ДПМНЕ започнало да ја пишува на локалните избори пред две години откако партијата помина реконструкција, одредена внатрешна катарза, прераспределување на енергијата и силите.

-Таа историја треба да се заокружи на парламентарните избори оваа пролет. Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ се егзибиционисти кои ќе ве убедуваат во сѐ и сешто, рече Мицкоски.

На овие теренски активности како преткампања ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, сака да ги слушне потребите на граѓаните за да се оформи програмата за изборите.

На средбата се обратија и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и градоначалникот на Прилеп, член на партијата, Борче Јовчески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

А1он

Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акција на САД, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски