Мицкоски: На Македонија и е потребно квалитетно СДСМ, Алтернатива сама одлучува за својата иднина

Од:

Промената на Зоран Заев од лидерската функција, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не значи дека ќе има промени во СДСМ. Тој немаше коментар околу тоа каква одлука ќе донесе Алтернатива и дали ќе биде во владината коалиција или ќе остане опозиција. Според Мицкоски, ако истите луѓе менаџираат со СДСМ, во партијата нема да има промени.

„Вечерва очекувам органите на СДСМ да одлучат како ќе функционира таа партија. Тоа е нивна работа, нема да се плеткам во нивната работа. На локалните избори 42 градоначалници и плус градоначалникот на Скопје, ја добивме довербата. Како ќе завршат нивните состаноци е нивна работа. Они се одговорни за функционирањето на СДСМ. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме посветени на работаи само работа. Ние сме познати по работа, тие по нешто друго. Треба да се коригираат одвнатре за ‘тоа друго’. На Македонија и е потребно квалитетно СДСМ, а не лоповлук и СДСМ која е препознаена по неработа. Ако овие луѓе продолжат да менаџираат со СДСМ, не очекувам промени. Ќе најде пион за да го продолжи неговиот лик и дело. Таму треба суштински да се промени“, кажа Мицкоски.

Тој во однос на тоа дали Алтернатива ќе биде дел од Владата, кажа дека нема разговарано со лидерот на партијата, Африм Гаши.

„Алтернатива има две опции, едната да ја прифати понудата на Зоран Заев и да влезе во оваа Влада која ја оценуваме со најниски оцени, Влада која можеби е најлошата во овие 30 години независност или да продолжи да биде во опозиција. Тие се тие кои одлучуваат за нивната иднина. Немам информации што ќе донесат тие како заклучок, не сме зборувале со Гаши на таа тема. Да почекаме, да бидеме трпеливи“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он

Мицкоски од Минхен: Пораките на Рубио се јасен сигнал – светот веќе не функционира по старите правила

А1он

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е посветена на европскиот пат, но без билатерални условувања

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

Потребни се законски измени за правосудниот испит да може да се полага на албански, вели премиерот