Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Аеродром, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на 2 ноември со заокружување на бројот 9.

„Во вториот круг имаме 26 кандидати од кои најголемиот дел се во големо водство како Аеродром и во Скопје а во неколку нашиот кандидат е второпласиран но е во вториот круг. Ќе се бориме за секој еден глас и за секој општина. Излезете и гласајте по вашето лично убедување. Кога ќе го имате пенкалото во рака ако одлучувате според разум, душа и срце убеден сум дека ќе одлучите за бројот 9 и овде во Аеродром за Дејан и Орце за Град Скопје, убеден сум“ кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека СДСМ не е на биолошки минимум туку пред исчезнување и на следните избори кога и да се, ќе бидат под 100 000 гласа и ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 2 ноември.

„Порака до симпатизерите и членовите на СДСМ, иако тоа го правев цело време во кампањата за првиот круг, кога велев дека и на нив не им е пријатно некогаш големиот СДС како сега се бори како се жилави едвај да го помине прагот од 100 илјади гласа, сега не зборуваме за биолошки минимум зборуваме таму за исчезнување, единствен начин да си помогнат себе и да и помогнат на СДС да излезат во втор круг и да го заокружат бројот 9 којшто прави промена. Следните избори СДСМ ќе бидат, под 100 илјади гласа. Тогаш ќе дојдеме до заклучок дека намалувањето на бројот на пратеници поради апстинирање или разочарување е државен и национален проблем. Ваква опозиција каква што е, не ќе може да направи резултат, тогаш состојбите ќе бидат поинакви, тогаш ќе имаме нова реалност. Затоа е важно да излезете и да гласате. Потребна ни е мобилизација на секој еден гласач“ кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека во политиката мора да се има цел и стратегија, ВМРО-ДПМНЕ на патот кон остварување на своите цели не бараше ништо освен почит за својата жртва која ја дале за друг, но тоа не го доби и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го заборави.

„Политиката не е црна кампања и не е со лаги да се доберат до власта. Политиката е да имаш цел, и план како да ја реализираш таа цел. Ние имаме план и многу стратешки цели како да ги реализираме, дел ги реализиравме, дел се реализираат, многу мал дел не успеавме да реализираме. Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме. Сега да се фокусираме на 2 ноември масовно да излеземе, да тропнеме на секоја врата, да излеземе и да зокружиме број 9, за Дејан, за Орце и насекаде каде ВМРО-ДПМНЕ има свој кандидат“ нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

Мицкоски: Касами мора да разбере дека секогаш сум подготвен да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода

Мицкоски: Иднината на државата е во ЕУ