Мицкоски му одговори на Ахмети: Басни за 2001-ва кажувај му на Ковачевски кој дезертираше, ја па мислев со нова фабрика ќе се пофалиш

Од:

Басни за 2001-ва Али Ахмети да му раскажува на Ковачевски, напиша на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски споделувајќи фотографија на која е облечен во воена униформа.

Ова се случува откако опозицискиот лидер претходно кажа дека бил добоволец во војната во 2001 година, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети возврати дека Мицкоски не учествувал во војната, туку само ја гледал на телевизија.

„Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…“, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Јас сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата

Горан Наумовски

Груби го најави Ахмети како спектакл за млади, а Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на партиските митинзи

Орце Костов

Мицкоски до Ковачевски: Го вовлекуваш своето семејство во политички невкусни шеги, друг пат пред да кажеш нешто размисли

Ана Ололовска

Ковачевски: Мицкоски е како мојот внук, бара да му купам Плејстејшн наместо да се фати за работа

Орце Костов

Мицкоски: Ајде на предвремени парламентарни избори

(ВИДЕО) Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку таа се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут