Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека образованието ќе биде еден од врвните приоритет за оваа година, и оти ако сакаме да бидеме во првите илјада на Шангајската листа на универзитети треба да се зголеми бројот на научно-истражувачки трудови.

– Без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме да јакнеме ниту како нација ниту како држава и во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките проекти. Ако започнавме со една состојба од 340 милиони денари во 2023, веќе во 2024 и 2025 се доближивме до ставката од 680 милиони денари, за да сега веќе за следната година имаме над 770 милиони денари токму за ова, рече Мицкоски.

Според него, тоа не е доволно, но е многу повеќе отколку состојбата што ја затекнале.

-Очекувам во годините коишто следат и со измените во Законот за високо образование во коишто моите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови што ќе бидат објавувани во списанија со фактор на влијание и што ќе бидат дел од базата на Томсон Ројтерс. Направивме една анализа којашто не води кон тоа дека ако сакаме да имаме универзитет којшто ќе биде во првите илјада на Шангајската листа мораме меѓу осум и десет пати да го зголемиме бројот на научни трудови кои како држава и универзитети треба да ги објавуваме во научни списанија со фактор на влијание, а се дел од базата на Томсон Ројтерс или позната како Веб оф сајенс, нагласи Мицкоски.

Премиерот истакна дека со последните зголемувања прилично се достоинствени примањата на редовните професори, на вонредните, доцентите и асистентите, и оти сега треба да се посветиме на науката.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар