Мицкоски: Македонија на 118 место по број на вакцинирани, на дното сме од дното

Од:

Неспособноста на Заев и Филипче да набават вакцини руши рекорди. Блумберг направил анализа и интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација до сега. Македонија е на 118 место од 122 држави. На дното од дното. 5 место, но од назад. Срамота и греота, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.


„Кога ја читаат анализата низ светот ќе мислат дека сме држава во субсахарска Африка, затворени и изолирани од светот, а не држава во срцето на Европа чиј сосед Србија на истата таа листа е во врвот со 2 милиони вакцинирани и скоро 30% од населението имунизирано.

Пред нас се сите. Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија. Заев, Филипче, добро бе луѓе, нели ви е срам кога се читате на Блумберг, заради вас државата ни е за потсмев. Македонија е на дното по број на вакцинирани, полоши од нас се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја.

И Црна Гора и Словенија и Луксембург и Малта и многу други држави се или помали од нас или со иста големина, а веќе имаат десетици или стотици илјади вакцинирани.

Не може за цел свет да има вакцини, само за нас да нема! До вас е! До Заев и Филипче! И вие ги носите на совест сите заболени и починати од јануари навака, тоа се луѓе кои немаше да заболат или починат ако ја набавевте вакцината на време. И за нивната мака ќе одговарате! Ќе одговарате за тоа што им го направивте животот пекол!“, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му