Мицкоски: Македонија ја има најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа

Од:

Не треба нас некој друг да ни кажува дека има криминал во Македонија, тоа го чувствува секој еден граѓанин. Кога ќе го прашате ќе ви каже дека, за жал, Македонија е нај криминалната држава, за жал Македонија е држава каде што кланови владеат. Гледате неколку фамилии во Македонија кои што се дел од највисоките раководства на политичките партии од власт, стекнуваат милионски имот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментирајќи за црната листа на САД на која што е ставен градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.

Мицкоски додаде дека такви се примерите кои што последниве месеци ги гледаме и сведочиме за истите, последниот случај со деловниот центар Соравиа, претходно дуќани во центарот на Скопје, хотели и така натаму.

„Така што, ние не можеме при очи слепи да се правиме и при уши глуви, тоа што го прави најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа сите ние го чувствуваме. Ова што пристигна од Стеј Департментот е само потврда на тоа што ние го чувствуваме. Градоначалник и дел највисокото раководство на политичката партија Демократска Унија за Интеграција е ставен на таа црна листа поради тоа што тие имаат докази, барем јас така го сфатив она соопштение во јавноста, дека има голем криминал позади него, но и дека влијаел во судството и врз носење на судски одлуки. Единствен кој што го брани Рамиз Мерко е Димитар Ковачевски, дури и самата ДУИ молчи. Единствен кој што го брани е Димитар Ковачевски“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи, се додека оваа мафија не ја исчистиме од корен, на Македонија нема да и тргне напред и нема да имаме надеж и континуирано Македонија ќе ни се празни, и ќе се иселува.

„Како идна влада, влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме пред граѓаните дека оваа мафија во која што идеално кохабитираат политичари и криминалци, ќе биде во корен исчистена“, истакна тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат