Мицкоски: Македонија има сериозен проблем со криминалот и корупцијата во највисоките ешалони на власта

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј

На средбата се дискутирало за аткуелните политички случувања во државата, македонската европерспектива и клучните реформски процеси во државата.

Мицкоски истакнал дека Република Македонија има сериозен проблем со криминалот и корупцијата во највисоките ешалони на власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата напоменал дека ниту за „Рекет 1“, ниту за „Рекет 2“, ниту пак за случајот Рашковски се уште нема правна развршница и дека ваквата состојба претставува сериозна пречка на патот на македонските европски интеграции.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцирал дека интеграцијата во Европската Унија на нашата држава е стратешка цел за партијата, но и за Република Македонија и дека новата Влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ нема да губи време и веднаш ќе се зафати со спроведување на суштински реформи.

Соговорниците се согласиле дека помеѓу двете држави постои добро ниво на соработка и дека помошта која Обединетото Кралство и ја пружа на Македонија на европскиот пат е од суштествено значење.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ