Мицкоски: Лопата не фрлија, а за пенали и авансни плаќања владата на Ковачевски и Груби со Договорот за „Бехтел и Енка“, преземале обврска од неверојатни 300 милиони евра

Од:

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на брифинг со новинари посочија дека од потпишувањето на Договорот со „Бехтел и Енка“ за коридорите 8 и 10д се создадени финансиски обврски од 300 милиони евра по основ на пенали и авансни плаќања.

Првите луѓе на партијата, предводена од лидерот Христијан Мицкоски, се повикуваат на Договорот од 438 страни што го добиле, како што кажа, од свиркач.

-Првата обврска што државата ја презема со овој Договор е директна исплата на аванс во висина од 50 милиони евра. Тоа е дефинирано на самиот почеток на Договорот односно во рок од 45 дена од осми март од денот на потпишување на овој Договор државата треба на компанијата во форма на аванс да и исплати 50 милиони евра. Втора ставка која предвидува финансиски импликации во висина од 117 милиони евра се однесува на дел од Договорот наречен contractor establishment payment што значи подготовка на градилиште и припремни работи. Имено, првите 87 милиони евра треба да се исплатат за две недели по потпишување на Договорот и тој рок практично истекол на, а останатите 30-тина милиони евра треба да се исплатат 45 дена од потпишување на Договорот. Со ова долгот кон изведувачот до 22 април е 167 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму тврдат дека, поради преземени обврски за работи кои се однесуваат на промена на законските решенија, а чии рокови се пробиени државава до 6-ти мај треба да му плати 53 милиони евра под ставка пенали на „Бехтел и Енка“ затоа што до рокот од 22.04.2023 не е направена промена на Законот за работни односи каде работните часа од 40 неделно треба да се зголемат на 60 часа. Поради ова, дополнуваат оттаму, државата исто така ќе му плаќа на изведувачот и пенали од 1.265.000 евра секој месец до завршување на проектот затоа што обврската за промена на Законот за работни односи не е исполнета. Дополнително, предвидено е уште 900.000 евра да се исплаќаат секој месец поради непромената на Законот. Во Договорот има точка за менаџирање на проектот за 3 милиони евра. Тоа се 172 милиони евра авансно плаќање до сега. Македонија поради Владата ќе треба да плати 300 милиони евра со пеналите заедно, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека врз основа на Договорот, за кој тие тврдат дека нема ставка за класифицираност, сумата за коридорите не е милијарда и 300 милиони евра , бидејќи има работи за кои недостасуваат цени.

Според партијата, сумата ќе се зголеми за најмалку 30 отсто, односно на 2,2 милијарди евра.

-Дополнително треба да се дефинираат цени за реалокација на постоечки објекти (бандери, далекуводи, столбови…), потоа за систем за телекомуникации, не е предвидена и цена за заштита од звук, за систем за управување со сообраќајот, патарини, електрификација, осветлување и друго. Ова според кажаното е во делот 16 од Договорот. Исто така, експропријацијата не е ставена во предвидените цени, велат од опозициската партија.

Во однос на тврдењата за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на законите поврзани со коридорите, од партијата велат дека нивни пратениците не гласале ништо за проектот со „Бехтел и Енка“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски