Мицкоски: Ковачевски предложи широка влада со петмина министри од ВМРО-ДПМНЕ, јас влада без ДУИ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека ставот на пратеничката група е непроменет.

Сите 44 пратеници на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ стојат на ставот дека уставни измени под бугарски диктати нема да бидат поддржани.

– На денешната средба која што траеше час и половина разговаравме за предлози кои што ги даде господинот Ковачевски, од кои што би издвоил еден, а тоа е следно: тој предложи да во рамките на Парламентот отпочне дискусија и се отвори практично и се изгласа со две третини потребата за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која што од десетте ресори кои што во овој момент ги менаџира СДСМ пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ.

Да бидат завршени уставните измени, значи да помине втората фаза и третата фаза, да отпочне практично процесот на преговори бидејќи пред една година нѐ убедуваа дека е почнат, а денеска добивме потврда дека тој процес на преговори не е почнат.

Да отпочне процесот на преговори и дури потоа да бидат затворени можеби едно или две или три поглавја во зависност од брзината како ќе се одвива тој процес на преговори. А, таа Влада да оди на парламентарни избори. Да ги подготви парламентарните избори.

На оваа понуда која што претставува позиција на Димитар Ковачевски од моја страна беше даден следниот одговор, во ред ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата Влада на Демократската унија за интеграција. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки.

Тоа тој го протоколкува како кршење на Преговарачката рамка, јас тогаш му реков во ред имам предлог јас за тебе. Да одиме на предвремени парламентарни избори кои што ќе се одржат на, три дати дадов како предлог, на есен генерално, да се формира влада на широко национално единство во која што нема да биде дел Демократската унија за интеграција и бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против со македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик, тогаш еве јас сум подготвен да разговарам со неколку премиери на земји членки на ЕУ на следниот состанок на Европскиот Совет, да изгласаат потврда,

гаранција за сето ова кое што ние го збориме па да видиме дали е навистина така како што ни велат дека е така, имајќи предвид дека сега и Бугарија има легитимна влада избрана од Националниот парламент таму. И со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, македонски посебен јазик и дека овој пат конечно Европа има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од европското семејство. Потоа да побараме од страна на

претседателот на Европската Комисија определен економски пакет за македонските граѓани и за бизнисот да го подготвиме во процесот на преговори затоа што тој мора да биде конкурентен на европскиот пазар, да може да ги задржи луѓето тука, бидејќи знаете дека миграцијата, иселувањето е големо – рече Мицкоски по средбата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ

Мицкоски: На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ

Горан Наумовски

Мицкоски: Пендаровски пет години не даде став, а вели осудувал криминал, дали сте го слушнале да ги осуди ДУИ или тоа за него се чесни политичари?

Горан Наумовски

Мицкоски од Дојран: Оставаа чевли пред македонската влада, а во седумгодишното владеење на СДСМ, бројот на чевли чии сопственици се иселиле е за 10 пати зголемен

Горан Наумовски

Мицкоски: На Македонија и се потребни промени, овие избори се шансата за тоа