Мицкоски: Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе ги испрати во пензија политичарите кои го разочараа народот и донесоа криминал

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на пресконференцијата рече дека има чест да ја претстави најбројната победничка Коалиција за Обнова на Македонија која ќе настапи на претстојните парламентарни избори и ќе ја формира идната влада.

„Ние се обединуваме околу заедничка платформа, вредности и принципи во кои веруваме. Затоа што самото име на Коалицијата кажува дека она што во овој момент и е најнеопходно на нашата татковина е токму обновата. Обновата не е само слоган или пак политичка фраза, туку суштина и вредност која мораме да ја исполниме затоа што тоа е насушна потреба на држава која е западната во тешка криза, разурнати вредности, и сериозно разнишани институции“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека народот е презаситен од секојдневни партиски пресметки, преписки, во докажувања кој е полош, во говорења за проблеми без решенија и во наметнување на тезата дека сите се исти.

„Јас како политичар, а верувам и ние како Коалиција за обнова на Македонија мораме да покажеме дека може подобро и мораме поинаку. Одбивам партиски да се пресметувам, да говорам само за проблеми, затоа што во исто време ќе критикувам, но и ќе нудам решенија. Со зборови нема да кажувам колку сме различни од власта и СДСМ, туку со дела ќе ја направиме разликата од кои најголема корист ќе имаат токму граѓаните. Токму затоа сите реформи,сите заложби, принципи и вредности околу кои се обединуваме можеме да ги обединиме под името на еден значаен проект кој се нарекува обнова на Македонија“, рече Мицкоски.

„Повеќе за работниците, повеќе за невработените, повеќе за бизнисот, за младите, пензионерите, земјоделците, повеќе за социјално ранливите категории на граѓани. Ова е коалиција која ќе ја има
најтешката задача досега во овие 29 години независност да ја обнови секоја разурната клетка во општеството чија криминализираност расте, декаденција која
се продлабочува“, додаде Мицкоски.

Посебно внимание Мицкоски посвети на економијата, тој нагласи дека Македонија мора да ги врати младите во своите домови, но и да обезбеди подобри услови на тие кои веќе се тука.

„Економијата ќе значи зголемени плати за 25 проценти повеќе, пониски даноци, рамен данок од 8%, капитални инвестиции кои ќе бидат секоја година најмалку 90% реализирани од тоа што било испланирано, зголемени пензии за 20 отсто. Обнова која ќе донесе индустријализација на економијата, но и странски и домашни инвестиции од најмалку 4милијарди евра. Нам ни треба обнова која ќе обезбеди 20 отсто повисока плата за вработените во здравството, достоинство за универзитетскиот кадар и 100 илјади денари плата за редовните професори, почитување на
колективниот договор за повисоки плати во основното и средното образование“, истакна Мицкоски.

Тој од говорницата посочи дека на Македонија и е потребна хитна гасификација, што ќе значи гас до секој дом и бесплатен приклучок за гас на секое семејство, енергетска обнова на домовите за
што државата ќе покрие 50% од трошоците, и исто толку ќе инвестира во купување на сончеви колектори.

За здравсвените проблеми во државата, Мицкоски соопшти дека „Воедно нам ни треба обнова во која здравството ќе го кренеме на вистинското потребно ниво и ќе изградиме мрежа од 4 клинички центри
во земјава и ќе обезбедиме нулта толеранција кон корупцијата. Здравство насочено кон граѓанинот, а не кон приватните бизнис интереси“.

Доколку дојде новата коалиција на власт, ќе бидат асфалтирани најмалку 1000 километри патишта со нов асфалт и ќе биде овозможено ново автопатско поврзување на Велес, Прилеп со Битола,со што од Скопје до Битола ќе се стигнува за час и половина, вети Мицкоски.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија да ја поддржат обновата која според него ќе значи подобар живот, повеќе за секого, повеќе пари, повеќе економија, повеќе иднина, повеќе инвестиции, повеќе решени проблеми,повеќе остварени ветувања.

„Денес и официјално со Коалицијата за Обнова, која е коалиција на обичниот народ кој сака промени, го започнуваме финалето на една битка за подобар живот во кој секој глас е важен. Победата е извесна, а она што доаѓа по неа се вистинските промени кон подобро кои ќе донесат повеќе за секого. Вистински бум од работа, вистински бум резултати кои ќе донесат европска иднина тука во нашите домови. Оваа коалиција за обнова, коалиција за надеж, верба и вредности која што умее и ќе го испорача тоа. Македонија може повеќе за секого, и обновата ќе победи“, рече Мицкоски на пресконференцијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Мицкоски: Власта спрема сценарија за изигрување на изборната волја на народот, најефикасен одговор за нивната завера е масовно гласање

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал