А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе му објаснам на Рикер кој манипулира со законот за Јавно обвинителство

by Габриела Димковиќ-Мишевска26/07/2019 - 14:3026/07/2019 - 14:58853
Share0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е дециден во однос на пораките од странските дипломати, особено на Рикер, дека опозицијата треба да биде конструктивна во носењето на законот.

Добивај вести на вибер

– Ние не треба да носиме закон затоа што некој од страна ќе ни ги истегне уште, туку тоа треба да го направиме за добро на нашите граѓани и нашата држава. Рикер е дипломат со искуство и јас ќе му објаснам кој не е конструктивен и кој не соработува. Ние сме за решение, но за решение во интерес на државата, не на политичката врхушка. Не слушнав ниту дека Рикер кажал по секоја цена опозицијата да се сложи. Ние сме за дискусија и за средба, не сме кажале не, но и за прифатливо решение, одговори Мицкоски на новинарско прашање.

На прашањето дали прифаќа лидерска за новиот Закон, Мицкоски го повтори ставот на партијата дека на таа средба првично ќе бара датум за предвремени избори, а дека е можно да се разговара и за прифатливо решение за законот за новото обвинителство и други прашања.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, дека доколку не соработува опозицијата ќе треба да се донесе законот на непосакуван начини Мицкоски вели дека не изненаден од тоа, но остана на ставот дека законот не треба да се носи по секоја цена.

– Заканите се карактерна особина на човек што не знае што прави, јас како само таков можам да го искоментирам неговиот настап. Сложен сум дека треба да се донесе секој реформски закони. Учестувавме во изработката на сите реформски закони, бевме пофалени во германскиот Бундестаг за нашата конструктивност. Но, ние сме на ставот дека треба да биде согласно законите и уставот, а не да носиме закон кој ќе биде алатка за амнестија криминалот на политичките елити, заклучи Мицкоски.

rikervmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:29

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Горан Наумовски29/01/2026 - 17:13

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:2526/01/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он24/01/2026 - 13:3924/01/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он24/01/2026 - 12:4424/01/2026 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен